Денес во Оптина Битола градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на средба со новинарите, на која беше со целиот свој тим, секретарот на Општината – Борче Димитровски и сите раководители го презентираше сработеното во изминатите две години, откако е на чело на Општина Битола, по локалните избори во 2021 година.
Коњановски пред присутните рече:
-Уште еднаш официјално сакам да Ви се заблагодарам за Вашата поддршка во изминатите две години, затоа што објективното, навремено и точно информирање е од голема важност за успешното функционирање на локалната самоуправа, транспарентноста на општината, што пак ја гради и довербата кај граѓаните. Денешниот двегодишен отчет, токму во таа насока и согласно член 103 од Статутот на општина Битола, има за цел да ја информира јавноста, за реализираните проекти во досегашниот период, меѓуинституционалната соработка и секако, донесените Одлуки од Советот на Општина Битола. Од она што е содржано во оваа публикација на Општина Битола од 116 страници, која ќе биде достапна и во печатена и во електронска форма, накратко ќе го сумирам следното:
–Иако знаеме дека, не може се да се направи одеднаш и преку ноќ, во една специфична политичка ситуација, со која локалната самоуправа се соочува за првпат, во изминатите 2 години, сведоци сме дека, се менуваат и подобруваат условите во општина Битола. Се гради и реконструира патната инфраструктура, се уредуваат јавните површини, се реализираат нови проекти кои ќе донесат подобри услови во урбаниот и руралниот дел на општината, можности за спортски напредок, одмор и рекреација, културно забавен живот, но и ќе ги решат проблемите со кучињата скитници, проблемите со недостигот на капацитети во детските градинки и ќе ги намалат причините за иселување на младите од Битола.
Во досегашниот период, го реализиравме следното:

Ова накратко претставува сублимат на досегашните реализирани проекти и активности, а пред нас е период во кој треба да продолжи реализацијата со новиот буџет, кој веќе е доставен до советниците. Тука, сакам да напоменам дека, за креирање на буџетот, веќе реализиравме четири буџетски форуми со активно учество на граѓаните, а на кои секако беа поканети да учествуваат и советниците, за да можеме заеднички да креираме буџет, кој ќе значи потреби и приоритети на битолчани и секако идеи и предлози на советниците, кои би се вклопиле во буџетската рамка. Имавме доволно време, сите заеднички да ги слушнеме потребите и низ конструктивен процес да донесеме одлуки за понатамошната реализација. Голема благодарност до сите граѓани, претставници на невладиниот сектор, бизнис секторот, спортисти, културни работници и советници кои го поддржаа овој процес и жалам што советниците од СДСМ не дадоа поддршка на ваквиот начин на партиципативност, кој се одвиваше 1 месец.Буџетот никако не може да се креира за 2 часа, особено не, во општина со 85.164 жители, кон која гравитираат 65 села. Како предлагач на новиот буџет за 2024 година, овојпат се најдов во ситуција, каде со општинските програми ги испланирав сите проекти кои се приоритет за Битола, но ограничен со развојната програма, изменета со амандманите на советниците, финансиската рамка, морав да ја адаптирам на изгласаната програма.
Што значи тоа?
Советниците, со амандманите кои ги поднесоа и кои ги изгласаа како дел од развојната програма, не оставија простор за распределба на доволно средства во буџетската рамка за тековни проекти во повеќе области, особено во областа на образованието, спортот, културата, социјалната заштита… Сметам дека, навистина во предложените проекти има добри и значајни проекти и на пример, на Битола, да, потребна и е тартан патека, но многу понеопходни се проекти во училиштата, тековна поддршка на спортот и традиционалните културни манифестации, на лицата на кои им е неопходна соодветна социјална заштита. Исто така, за велосипедските патеки кои Советот ги внесе во развојната програма, сеуште имаме можност за реализација преку Проектот SMART4YOU2. Дел од развојната програма се и други проекти, кои не се на врвот на приоритетите кај граѓаните, но го ограничуваат работењето и реализацијата на локалната самоуправа.
Затоа, ќе ги повикам советниците, да го разгледаат доставениот предлог буџет и со анализа на програмите, да овозможат измени на развојната програма, со што ќе ги ослободат резервираните средства за одредени проекти и ќе донесат програми и буџет кои ќе поаѓаат од приоритетите на битолчани, а не од партиска кампања, која не соодветствува на реалните состојби. Кога се креира програма и се планираат проекти, најважно е да се знае: од кои ставки се одземаат средства и каде се додава, колку предложениот проект е оправдан, потребен и одржлив. Очекувам конструктивност од Советот, соработка и давање можност за непречен почеток на работењето на локалната самоуправа, со јасен став од Советот, во однос на поддршката на спортските клубови, културните работници, образовниот процес и се она што е дел од надлежноста на локалната самоуправа и повторно ќе потенцирам: се наоѓа на врвот на приоритетите на граѓаните.






