Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер без бодови во ЛШ по поразот од Загреб во Битола (фото)

Еурофарм Пелистер – Загреб 23:23 (10:13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола и по десеттото одиграно коло во Лигата на шампионите се без бодови, по поразот од Загреб во Битола, повторно само со гол разлика, 22:23, повторно со драма во финишот. Најголема нервоза кај домашните правеше голманот Матеј Мандиќ, кој блесна на голот со неверојатни 20 интервенции.Стартот на дуелот во Битола донесе многу технички грешки на двете страни и одлични настапи на голманите Гедбан и Мандиќ, и по 7 минути беше 1:3,  а потоа беше и 3:4. Во 15. Загреб имаше плус пет гола разлика 3:8. “Пелистерци“ намалија на -3, а по три искучувања на домашните Загреб дојде на 6:11. До крајот на полувремето “пелистерци“  дојдоа со 10:13.На стартот на вториот дел го започна Загреб се врати на +5, а во 42. минута, “зелено-белите“ се вратија на само еден гол негатива (16:17), а потоа следуваше и израмнување (18:18). Еурофарм Пелистер дојде до победа во завршницата по предноста од 3 гола, иако Пелистер дојде само до гол разлика 22:23.Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Кузмановски со осум гола, а одличен беше и Гедбан со тринаесет одбрани.

 

More from ВестиMore posts in Вести »