Press "Enter" to skip to content

Прва активност на Советот за претприемништво, форум „Жените во претприемништвото: клуч за економски развој и одржлива иднина“ (фото)

Советот за женско претприемништво на општина Битола го реализираше првиот форум на тема: „Жените во претприемништвото: клуч за економски развој и одржлива иднина“.Целта на форумот е да се промовира работата на Советот за женско претприемништво и структуирање на активностите во насока на подобрување на можностите за вработување и поттикнување на жените  активно да се вклучат во процесите за креирање на работни места но, и поттикнување на претприемничка култура и претприемничко однесување.Присутните ги поздрави заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, нагласувајќи дека општината прави напори за унапредување на претприемништвото и економското јакнење на жените.Бојкоски истакна дека денешниот настан ги потврдува заложбите на општина Битола кон сеопфатна и целосна родова еднаквост во функционирањето на локалното опкружување, како и отвореноста за соработка и развој на бизниси од различни области.На настанот, присутните ги поздрави Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво, истакнувајќи го задоволството што е дел од активноста на Советот за женско претприемништво.Д-р Ана Ристевска, претседател на Советот за женско претприемништо им додели благодарници на Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола, Габриела Илиевска, Претседател на Совет на општина Битола.Благодарници добија и Викторија Христовска и Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво.Форумот беше организиран во два дела.Своите успешни приказни на присутните им ги пренесоа: Соња Димтровска, Умна работилница КЛИК, д-р Анета Тасевска, Ординација за дерматовенерологија и естетска медиција ПЗУ д-р Тасевска, Александра Чукалевска, ЕРА ФУНГИ, Емилија Николоска, Cosmic Development и Катерина Бурник, Салон за мебел Бурник, продажба и производство на мебел.Во вториот дел од форумот, на вмрежувањето присутните имаа можност да ги разгледаат различните производи на битолски компании, водени од жени.Како заклучок од форумот се истакна дека на локално ниво сè повеќе станува актуелно прашањето за претприемништвото и поттикнувањето на претприемачкиот дух посебно кај жените.Во тој контекст, акцентот треба да се стави  на градење силна свест кај жените за претприемништво и претприемачкото учење, градење на култура ориентирана кон поддршка на претприемништвото и иновациите, како и институционална поддршка за да можат жените да станат конкурентни на пазарот на труд и да можат да ја изградат својата иднина без разлика на нивната кариерна и професионална определба.Тоа може да се направи преку фокусирање на напорите кон: зголемување на свесноста кај жените дека претприемништвото може да се научи и дека претприемачите може да се создадат, изработка на локална стратегија за женско претприемништво, како и креирање на колаборативна средина за развој и поттикнување на женското претприемништвото.

More from ВестиMore posts in Вести »