Press "Enter" to skip to content

Ангеловски и Кузмановски со изјави после натпреварот против Загреб

Еурофарм Пелистер не успеа да дојде до првите бодови во Лигата на Шампиони и по натпреварот против екипата на хрватскиот шампион Загреб во Битола, а на официјалната пред конференција по завршувањето на натпреварот изјави дадоа тренерот Александар Кузмановски и Филип Кузмановски.

Тренерот Бранислав Ангеловски за натпреварот рече:

-Им благодарам на сите што ни дадоа поддршка и што во оваа ладна битолска ноќ ги заменија домовите со салата и дојдоа да не бодрат во живо. Работевме добро во претходните денови, натпреварот го загубивме со две клучни работи – во првото полувреме тоа беше реализацијата, а во второто тоа беше враќањето кое ни беше очајно, иако знаевме дека Дибиров на оваа страна ќе оди на брз центар и ќе напаѓа од десно. Тоа беше клучот да не можеме да напаѓаме за нерешено или за водство. На секој даден гол, примавме брзо гол, иако игравме само со една измена одбрана-напад. Вториот тајм-аут на натпреварот го зедов за одбраната и враќањето, но пак примивме два гола. Со одбраната 5-1 добивме некоја агресивност, ама на крајот одлучија тие два гола.

Филип Кузмановки кој беше најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер рече:

-Тука сум три седмици, ова е млада екипа со неколку искусни имиња. Напредуваме брзо, криво ми е што не бев тука уште од почетокот. Имаме многу простор за напредок за во иднина, треба да останеме заедно. За натпреварот со Загреб бевме подготвени, потрошивме многу време за анализи. Загреб е голема екипа, оваа сезона победи звучни имиња во Лигата на шампионите. Имавме свои шанси на овој натпревар, ама на крајот решаваа нијанси. Ветувам дека ќе бидеме подобра екипа, но ни треба време. На Загреб му посакувам се најдобро, му посакувам да ја мине групата, а нас ни останува да работиме.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »