Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа активности го одбележува Патрониот празник, а завршна активност беше промоција на Библиографија на изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола (1945 – 2023).На почетокот на настанот поздравен говор имаше м-р Бојан Стефановски, директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, кој рече:-Националната установа –Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола со посебно внимание, но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Промоцијата на монографската публикација „Библиографија на изданија на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола (1945 – 2023 година“ е посебен повод на највисоко ниво да ги претставиме и презентираме на едно место (во библиографија) сите досегашни изданија на нашата национална установа. Библиотеката во своето 79 годишно постоење им овозможи на сите вработени кои имаа идеи и знаења да можат слободно да ја изразат својата научна и истражувачка дејност и да ја преточат во дела кои се дел од оваа Библиографија, а сè со цел да придонесат во промоција на македонската култура кај нас и во странство.Библиографија на изданија на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола (1945 – 2023) која ја составија, уредија и редактираа: Гордана Пешевска и Ленче Андоновска, библиотекар советници, промотор беше Илче Стојановски.Во Библиографијата застапени се истакнати, објавени и реализирани стручни проекти од посебно значење за унапредување на библиотечната дејност кои ги има во голем број и се состојат од истражување, творење, создавање на дела кои служат како пример за учење, библиографска информација, хроника на една дејност, библиографски трудови во доменот на роднокрајната дејност на Битола и Битолско но, и такви со прирачнички хроничарски односно културно – историски карактер како за Битола така и за Македонија, активности за презентација и промоција на македонската книжевна продукција во странство односно реализирани проекти, активности и трудови од значење за унапредување на библиотечната дејност во Општина Битола, државата и пошироко.Исто така се промовираше списанието „Библиотечен тренд“ број 57, промотор беше Маријан Корлевски и на крај следеше промоција на Зборник на излагања од 18-тата Роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија, за зборникот зборуваше координаторот м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски.
Библиотеката од Битола со промоција на Библиографија ги заврши празнувањата за патронот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска