Press "Enter" to skip to content

Борците на КБК Самурај од Битола освоија 8 медали на “8th BALKANS BEST FIGHTERS JAGODINA 2023“ (фото)

Деновиве, во Јагодина, Србија се одржа “8th BALKANS BEST FIGHTERS JAGODINA 2023“ каде учество зедоа повеќе земји: Молдавија, Бугарија, Црна Гора, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Словачка со над 500 натпреварувачи. На ова големо натпреварување учествуваа дури 9 натпреварувачи од кикбокс клубот Самурај од Битола, при што се освоени 8 медаљи, од кои 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.Натпреварувачите од Самурај, кои беа во состав на македонската кик бокс, маи таи федерација беа доминантни во своите настапи, бидејќи во сите борби покажаа голема надмоќ над противниците.Леа Бошевска во финалето се сретна со натпреварувачка од Србија и со целосен пресинг во текот на целата борба  победи  со 3:0  освојуваќи го златниот медал во сениорска конкуренција до 50 кг.

Сара Стојаноска, со 4 настапи и 4 победи убедливо надмоќна над своите ривалки исто така го освои златниот медал во дисциплината постари кадети до 55 кг.Љупчо Бошевски во дисциплината – 79 кг. јуниори од 4 борби постигна 4 убедливи победи, од кои две со прекин во втора рунда и две со резултат од 3:0, со што покрај освојувањето на златен медал, беше прогласен и за најдобар јуниор, при што му беше врачен и пехар.

Покрај овие натпреварувачи и уште 5 натпреварувачи од Самурај освоија медаљи, што значи вкупно 8 медали.За КБК Самурај  Битола медали освоија:

-Леа Бошевска -50 кик лајт сениори (1-во место)

-Љупчо Бошевски -79 кик лајт јуниори (1-во место)

-Сара Стојаноска -55 кик лајт постар кадет (1-во место)

-Ива Цветаноска -28 кик лајт помлад кадет (2-ро место)-Тамара Божиновска -55 кик лајт помлад кадет (2-ро место)

-Дарија Петкоска -47 кик лајт помлад кадет (3-то место)

-Дамјана Пеовска -65 кик лајт јуниор (3-то место)

-Димо Гоновски -75 лоу кик јуниор (3-то место).

More from ВестиMore posts in Вести »