Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: холелитијаза

Од д-р Васил Чипуровски добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.

Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за холелитијаза, за што вели:

-Xoлелитијазата претставува формирање на камчиња во жолчното ќесе како холецистолитијаза или во општиот жолчен канал -холедохусот како холедохолитијаза или во интрацрнодробните патишта како интрахепатална литијаза. Во нејзиното настанување покрај генетиката има улога и мрсната храна и зголемениот калциумски внес, возраста над 40 години, почеста кај женски пол, обезност и во високоразвиентите држави.

Жолчните калкули по состав  се холестеролски од холестеролски анхидриди, билирубин, липиди во 75% од случаите и 25% кога калкулите се по состав од калциум фосфат калциум карбонат холестерол. Постојат три теории за настанување на жолчна калкулоза тоа е теоријата на деформитети на жолчните патишта и стаза, теоријата на инфламација и формирање на фибрин и бактериски нуклеус  и теоријата на зголемена концентрација на билирубин холесеролски анхидриди во жолчен  сок а намален лецитин и жолчни соли.

Клинички постои асимптоматска форма без симптоми, диспептична со киселини во уста гадење, надуеност и најчеста типична коликообразна форма со силна болка под ДРЛ после мрсна храна придружена со гадење и повраќање на жолта содржина.

Холедохолитијазата е форма на калкулоза во d choledochus и негова обструкција при што има нарушен истек на жочниот сок кон дуоденумот со појава на температура треска  жолтица билијарна болка.

Компликации на холедохолитијазата се акутен панкреатитис при опструкција на папила Ватери од калкулус и оклузија на истек на пакреатичниот сок, хроничен рецидивантен холангитис и акутен холангитис најчесто гноен кога е неопходно итно ЕРЦП и отстранување на калкулусот. Во дијагностицирање најазначајан е ултрасонографијата на абдомен додека за холедохолитијаза исто примена и на ЕРЦП ПХГ. Само 20% од оние со холелитијаза ќе развијат компликации како акутен холециститис панкреатитис и карцином на жолчно ќесе. Акутниот холециститис покрај од аклулоза можи да е и од стаза поради тотална парентерална исхрана, туберкулоза, лептоспироза актиномикоза. Ретки се случаите на билијарни фистули кога калкулусот ќе се испразни од холедохусот во дуоденумот со негова опструкција и појава на Илеус.

Во лекување покрај хигиено диететски режим аналгетик, Х2 блокатори антибиотик  при акутно воспалување, медикаментозна дисолуција на калкули, при чести рецидивантни холециститиси се прави  холецистектомијата класична или лапароскопска, а  ЕРЦП во случаи на холангитиси и опструктивен иктерус како последица на холедохолитијаза.

More from СоветиMore posts in Совети »