Press "Enter" to skip to content

Пелистер со нова победа во Битола, против Кожув кој до крај не се предаваше (фотогалерија)

Пелистер – Кожув 72:61

Кошаркарите на вечерва во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ ја победија екипата на Кожув, со резултат 72:61, во натпревар кој може да се карактеризира како тежок првенствен натпревар. Но кога требаше “пелстерци“ да “нагазат“ за победа тоа до направија и дојдоа до нови бодови, по можеби пресудбата “тројка“ на Костовски.

Гостите од Гевгелија мотивирано го отворија натпреварот и сигурно играа во првата четвртина и водеа со 15:19. Од друга страна битолчани беа подобри за исто толку позитива 17:13 во втората, за нерешени 32:32, на крајот на полувремето.

Во продолжението, во третата четвртина, екипата на Радуловиќ заигра во посакувано темпо, како во одрбана така и во напад. Првото „посериозно“ водство “пелистерци“ го имаа со предност од +5 (46:41) некаде на средина на третиот дела, по три одиграни четвртини се беше 55:51, водство за Пелистер.Неизвесноста, траеше се до моментот кога еден од најискусните играчи на теренот, Александар Костоски, не ја погоди тројката која му „пресуди“ на гостите со водство од 68:60. Мора да се спомене и тоа дека во последните десет минути “пелистерци“ примија само десет поени и така заслужено стигнаа до нова победа во шампионатот, 72:61.Најефикасен кај Пелистер Планиниќ со 14 поени и 11 скока и Маслинко со 12 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »