Press "Enter" to skip to content

Брендот “MAYA“со нова колекција (фотогалерија)

Новата колекција на брендот “MAYA“ беше промовирана со интересна фотосесија.

“MAYA“ е моден бренд во Битола, кој се издвојува со издизајнирани парчиња гардероба  со висок квалитет на материјали и модни додатоци. Приказна за овој македонски бренд започна на 31 јули оваа година кога беше промовиран со колекција модни парчиња за свечени прилики.-Овие денови ја испромовиравме новата колекција од нашиот  бренд “MAYA“ со интересна фотосесија. Нашите професионални фоотсесии, не прават различни од другите. Ние сме тука да им излеземе во пресрет  на оние кои сакаат да се облечат во модели од модниот бренд “MAYA“ и  да ги облечеме за  различни пригоди, ни кажа Маја Андревска и додаде:-Љубителите на мода и оригинални парчиња облека од брендот “MAYA“ може да ги најдат во нашиот бутик “Амор“ кој се наоѓа во Старата битолска чаршија. Тука битолчани ќе можат да ги видат моделите од новата колекција од нашиот  бренд “MAYA“, и да ги нарачаат, се додека не биде отворено ателјето, кое е планирано наскоро.

Освен високиот квалитет, брендот “MAYA“ своите клиенти ќе ги привлекува и со цени прикладни за македонскиот пазар. Затоа големо е значењето кога би се одлучиле да поддржуваме македонски дизајн и бренд, а особено битолски.Дојдете и посетете го бутикот “Амор“ кој  се наоѓа на улица “Ордан Николов“ бр 70 во Стара битолска чаршија.