Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер во Битола со заедничка средба ја завршија полусезоната (фото)

Со одигрувањето на последниот натпревар во Битола од Втората фудбалска лига против екипата на Пелистер ја заврши есенската полусезона, потоа на заедничка средба во ресторанот “Голд Фелициа“ ги сумираа резултатите.Претседателот на Пелистер, Митко Стојковски за полусезоната која измина рече дека тој како престедател и Управата на клубот е задоволен од прикажаното, но и дека име место да се направеше и повеќе и на некои натпревари можеше да се освојат и повеќе бодови, кои ќе значеле и подобар старт во пролетниот.Стојковски им порача на фудбалерите дека очекува од нов подобра пролетна полусезона и секако, остварување на целта, а тоа е пласман во Првата фудбалска лига, каде и му е местото на Пелистер.На средбата присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој заедно со Стојковски и тренерот Влатко Костов, поразговара со сите, со младите и посикусните, со Управата на клубот, им посака убави празници, а потоа и успех во пролетниот дел, односно пласман во Првата лига.

С.Ристевски