Press "Enter" to skip to content

Николче Терзиевски, тон мајстор-дизајнер во НУ Tеатар Битола: колку што имаше луѓе во “Орфеј“, скоро исто толку луѓе имаше надвор, кои чекаа еден да излезе друг да влезе (фотогалерија)

Жанета Ристевска

Во петок вечер, во  ноќниот клуб “Расчекор“ во Битола ќе се одржи 5. по ред ретро забава во чест на  диско “Орфеј“ во Битола насловена “Влез саде парови“. Или „Сви марш на плес како што вели еден од ди-џеите, кој ќе ги “врати“ битолчани четириесетина години назад, “низ времето“, преку музиката, Николче Терзиевски. Овој негов најнов ангажман како ди-џеј го искористивме како повод за разговор со него. Денес, Николче Терзиевски, е вработен како тон мајстор во НУ Tеатар Битола, а за диското “Орфеј“ култно место каде излегуваа многу млади на почетокот кратко рече: Се сеќавам на период, ако имаше 1.000 луѓе внатре и т.н атмосфера “точка на вриење“, а скоро  исто толку луѓе надвор„ потоа продолжи :

-Диско “Орфеј“ местото каде се направени пионерските почетоци на ноќниот живот во Битола. Тое е култно место каде се собираа сите млади, кои тука канеа за прв танц, се удвараа, вљубуваа… Кога го отварав диското уште во 18 часот пред врата имаше околу 100-150 луѓе кои чекаа за да влезат, многу од нив за да ја слушнат прв пат музиката која ја носев. “I will survive“, “Funky Town“, “Get down on it“, “You’re the one that I want“… Gloria Gejnor, “Comodors“, Michael Jackson, Prince, Duran Duran… Многу плочи со  хитови кои се вртеа, за прв пат можеа да ги слушнат во диското “Орфеј“. Подиумот полн, се играше и во движења како познатите пејачи Џон Траволта, Мајкл Џексон… На балади се канеше девојка и можеби тогаш се случуваше првото удварање, бакнеж, но, се беше природно, спонтано. Во најдобрите години на диското во 80-тите години од минатиот век се правеа по две забави. Прва, за помлади средношколци и втора од 18 – 22 часот и од 22 – 01 часот после полноќ. Тоа е период кога се бараше карта повеќе. И кога картата на пример, беше 100 денари стигнуваше да се купува за 1.000 тогашни динари. Споменав на почетокот и ќе објаснам што значеше  “точка на вриење“ Со ова се опишуваше атмосферата во диското кога од премногу луѓе, не можеш да се движиш низ диското. Климатизацијата не можеше да постигне и доаѓаше до кондензација, затоа се јавуваа капки на таванот…Но, да одиме по ред. Интересни факти, анегдоти, случки за култното диско “Орфеј“ раскажуваше ни разговорот, мојот соговорник, Николче Терзиевски. Еден од ди-џеј кои поминале низ ова диско и пуштале музика од неговото отварање. Поточно во период крајот на 70 и цела декада на 80 години. Во тој период станал и ди-џеј, регистриран од “Естрада нa Македонија“. Подоцна и диџеј во други дискотеки  низ Битола во диско  Дом на култура, “Стрежево“, кај базенот, и пошироко автокамп Крани, Охрид, Скопје. 20 години работел во Радио Битола, започнал  хонорарно во 1982, а се вработил во најстарото радио во Македонија во 1989 година, како новинар и правел музички емисии, топ листи. После затворањето на Радио Битола работи на озвучување на повеќе места, денес работи како тон мајстор во НУ Театар Битола. Колекционер на винил плочи. Во некои периоди достигнал и до број од 2.000. Денес ги има своите омилени и тоа 400-500 плочи и над 7.000 ЦД-а со музика. Со ваков “бекграунд“, со право еден од ди-џеј на ретро журките кои се органзираат во чест на  диско “Орфеј“. И денес, историјата се повторува бидејќи се бара карта повеќе за ретро журката на 15 декември т.н зимска. Низ неговите раскажувања се добива и една слика на еден период на забава на младите  во СФРЈ.Започна вака

-Како и сите млади и јас одев во диско “Орфеј“, бев средношколец. Најпрво им носев плочи, собирав плочи од некаде VII, VIII oдделение. Ги купував или набавував од секаде: Италија, Турција, Грција, Германија… Тогаш располагав со окoлу 1.500- 2.000 плочи “лонгплеј“ и макси синглови. Бројката варираше бидејќи понекогаш ги продавав старите за да купам нови, а се оштетуваа од многу слушање и позајмување. За да сака некој друг да ја слушне плочата требаше да му ја позајмиш, немаше технологија како денес. Се знаевме во Битола кој има плочи и така ме бараа мене да им носам плочи со музика за прв пат во клубот. Тогаш беше младински клуб “Орфеј“ на младината на Битола, затоа ќе кажам дека пред мене во клубот пуштаа музика и други меѓу кои : Менде Петковски, Чаршафот, Васко Кулуковски со кого бев еден период заедно…

Ди-џејствување… регистриран ди-џеј од “Македонска естрада“

-Прв донесов многу плочи, а со тоа и музиката во одреден периоди понатаму. Спонтано станав ДЏ, ме влечеше. Во “Орфеј“ бев од крајот на 70 и цели 80 години од минатиот век. Правев и топ листи, ги вадев на ливчиња, за да гласаат, потоа ги објавува на Радио Битола во емисијата “Топ 10“. Можам да кажам дека дадов голем придонес во откривање на многу бендови во градот и пошироко “Паркети“, “Памперс“… Во радио емисија  “Демо топ 10“хи  промовирав овие гаражни бендови. Исто така им овозможив да свират во диското, да снимат своја музика.  10 години бев ангажиран во диското “Орфеј“. Потоа и ДЏ во дискотеките кои ги отворивме ние неколкумина, односно простори осмислени за дискотеки за прв пат. Ми се “бендиса просторот“ и го претворивме во диско, како кино “Партизан“, во бар “Корзо“, после кај базенот на “Стрежево“, кај Олимписки базен “Император“.  Потоа пуштав музика и во автокампот Крани, во дискотеки низ Охрид… После плочи отидовме на касети и потоа ЦДиња. Од  1987, 88,89 цела програма беше на ЦД. Во тој период бев регистриран ДЏ, Марио Липша ја водеше таа цела “Македонска Естрада“ и издаваше регистрација. Имавме дејност регистриран диско џокеј и можевме да настапуваме легално. Настапувавме во спортски сали, клубови… Во тој период работев и во Радио Битола, се занимавав со новинарство и подготвував емисии.Учесник во организиција  на повеќе концерти

-Го организиравме концертот “Сјајот ма музиката“ во Битола на кој присуствуваа над 15.000 луѓе на ракометно, меѓу кои и “ЈУ група“. Средствата од концертот беа наменати за помош на лица со хендикеп. Потоа органзиаравме и ги „донесовме“ во Битола и  “Леб и сол“, Дино Дворник, “Галија“, “Екатерина Велика“, “Црвена Јабука“, “Дивље јагоде“ како и  плејада други пејачи и групи.

Сега колекционер на плочи и це-де “носачи на звук“

-Денес располагам со колекцикја со над  7.000 ЦД, 400-500 плочи кои ми се најомилени, односно за да си чувам по некоја трага од музиката за одреден период. Вработен сум во НУ Театар Битола од 1983 година, задолжен за музиката во театарските претстави. И кога ниту помислував дека нема повеќе да пуштам музика, Марио, Кекело, Брусли, Сашо, ме поканија да бидам дел од ретро журките на диско “Орфеј“ во ноќен клуб “Расчекор“. На претходната ретро журка, летна, се видов со пријатели, познаници… кои не сум се видел повеќе од 20 години, личности со кои сме се дружеле, излегувале, а сега дел од нив живеат во странство. Затоа и овие ретро журки се со цел да се дружиме…

За крај што претставува за тебе диско “Орфеј“?

-Диско клуб „Орфеј“ за мене беше… пионерски почетоци на ноќен живот во Битола, Култно место на забава и излегување на младите. Прва покана за танц, прво удварање, можеби прв бакнеж…-Денес ретро журка во чест на “Орфеј“ … враќање на енергијата од 70, 80 и 90 години на минатиот век. Пробудување на младоста во себе, и затоа, ова не е реклама, туку ова е едноставно, журка за забава… и “Сви марш на плес“ како што вели хитот на “Бјело дугме“, токму од тоа време.

More from ВестиMore posts in Вести »