Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: наградени осумдесетина основци и средношколци, врачување на наградите в понеделник

Во чест на патронот на градот Битола “Св. Нектариј Битолски“ Општина Битола преку Комисијата за избор и евалуација за доделување на награди за наградени ученици во основни и средни училишта, по Јавниот повик, одлучи да бидат наградени ученици од општинските основни, средни училишта и Државното музичко училиште.

Поради потик и стимул на учениците за во иднина да продолжат да постигнуваат поголеми успеси и да ја претставуваат нашата општина на државни и меѓународни натпревари, комисијата одлучи до искористување на средствата од предвидениот буџет за оваа намена да ги награди пријавените ученици од основните и средните училишта кои имаат награди од државни натпревари на прво, второ и трето место, а истите не се прво рангирани.

Доделувањето на пофалниците на наградените ученици во чест на патронот на градот Битола „Св. Нектариј Битолски “ ќе се одржи на 18.12.2023 година (понеделник), во 14 часот во Офицерски дом Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »