Денес во Битола директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска заедно со најблиските соработници и со раководителката на УЈП во Битола Весна Вашариќ, го посети Домот за доенчиња и мали деца и додели донација во рамки на програмата за одбележување на “Св. Матеј“ – Ден на даночните работници.Донацијата е обезбедена преку синдикалната организација „Солидарност“, односно сите средства се обезбедени од вработените, посочи Лукаревска.-Како општествено одговорни граѓани, но и како даночници секогаш помагаме таму каде што е најпотребно. На оваа установа се што и е неопходно, постелнини, дубаци, витамини и слично, набавивме со наши парични средства, иако мислам дека и топла насмевка им е потребна на дечињата. Во иднина ќе продолжиме со исто темпо затоа што традицијата треба да ја одржуваме и тоа го правиме во пресрет на нашиот празник, денот на даночните работници „Св. Матеј“. Горда сум што водам институција која што првенствено е општествено одговорна, истакна Лукаревска.Управата за јавни приходи секоја година донира производи, а во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола, по втор пат, односно во 2017 и во оваа 2023 година за што вработените на Лукаревска и доделија посебна благодарница.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, додели донација во домот за доенчиња и мали деца во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)