Press "Enter" to skip to content

Се буши под железничката пруга, кај Јени маале, каде ќе биде влезот на Топликација Битола во урбаниот дел (фото)

Денес за тековните активности и за тоа времениот режим на сообраќај каде се одвиваат работите од проектот Топлификација Битола, денес на прес-конференција на местото каде се буши под железничката пруга и каде ќе биде “бустер станицата“ зборуваше директорот на ова претријатие Горан Козаров, кој рече:-Како и што рековме на почеток на реализација на проектот “Топлификација“ во таа насока и продолжуваме, граѓаните на Битола ќе ги знаат сите информации околу промената на режимот на движење на сообраќајот, а секако и за тоа како напредуваат работите. Сега имаме видливи точки каде што може да се види “влегувањето“ на топлификацијата во градот, во Битола. Работиме со голема динамика, и работиме според предвиденото. Моментално сме на “точката“ каде топловодот ќе помине под железничката пруга Битола – Прилеп, кај Јени маале и каде ќе биде изградена “бустер станицата“. Овде, како гледате се работи со бушење, значи нема сечење и копање. -Ова е една трите “точки“ кои до сега се изработени, се помина под реката Црна кај Новаци, се помина под патот Битола – Новаци и овде се поминува под железничката пруга. Останува топловодот да помине под реката Драгор, што е следна “точка“ и ќе се изведе многи брзо, нагласи Козаров за тоа каде се работеше или се работи на поспецифичните места каде поминуваа цевките.-Инаку, низ градот, напредуваме на двете локации каде започнавме, а тоа е на улицата “Студенстка“ и во старата касарна, пред “Кам маркет“. Таму завршуваме, дел од цевките се покриени, а во наредната недела тие два дела ќе бидат завршени. Потоа ќе може да се продолжи со останатите други работи на “Студентска“. Идната недела ќе бидеме “излезени“ од другата страна на железничката пруга. Според динамиката до крајот на декември ќе стигнеме до кружниот тек на “Дулие“ и до училиштето “Коле Канински“. Се работи на повеќе локации според итноста и добиените сообраќајни решенија да излеземе во престер на работите кои ги извршува Општина Битола, реле Козаров.-Овој проект е предвиден да ги приклучи 35 објекти кои се сите државни, судови, полиција, општина, училишта…, кои исто така се детектирани и како најголеми загадувачи, а тука е бившата “Топлификација“ Битола со осум котлари, кои опслужуваа околу 3.000 станови, рече Горан Козаров и нагласи:-Овој проект за нас, како битолчани, ќе значи најголем благодет, од финансиска и еколошка страна.