Press "Enter" to skip to content

Промовирана книга од академски кадри од УКЛО Битола со нова методологија за регионална соработка (фото)

Во СИЦ, УКЛО Битола ја промовира  книгата ,,Адресирање на транрегионални предизвици во интелегентни транспортни системи од менаџерска и техничка перспектива“, ADDRESSING TRANS-REGIONAL ISSUES OF Intelligent Transport Systems FROM MANAGERIAL AND TECHNICAL PERSPECTIVE  од авторките, академски кадри од УКЛО: проф. д-р Даниела Колтовска Нечоска, Рената Петревска Нечкоска и Мимоза Богданоска Јовановска.Книгата претставува нова методологија за регионална соработка  кон заеднички трансферзални проблеми од реалноста и истовремено вклучува бројни соработници, држави, дисциплини, институции и универзитети.Промоцијата  се одржа во организација на УКЛО, настан во рамки на чествувања за Патронот на УКЛО. Промоторот, проф. д-р Милан Стојановиќ, член на регионалниот борд на WBAA, посочи дека книгата нуди нова методологија за регионална соработка кон заеднички трансверзални проблеми од реалноста што обезбедува посебна вредност и применливост.  Како плод на колаборација на земјите од Западен Балкан, научниот труд дава мислења до владите во регионот како да се реши актуелното прашање и тоа е придонес за целиот Западен Балкан.
Книгата е мулти/интер/трансдисциплинарна и учествуваат професорки од три факултети: ТФБ, ЕФП и ФИКТ, при што и рецензентите и лектурата се од академски кадри на УКЛО, и особено што извавач е УКЛО/ТФБ. Авторскиот труд произлезе од проект на Алумни асоцијацијата на Западен Балкан- WBAA, тоа е првата книга што излезе од истражувачки тим на Асоцијацијата и се наоѓа на отворен пристап до цел свет.  Инаку,  академското четиво влезе во основна литература за 3 ЕКТС на Економски факултет – Прилеп во рамки на курсот: Менаџерска и техничка перспектива на транс-регионални предизвици како професионален развој (micro-credentials).Книгата претходно беше промовирана на Генералното собрание на Western Balkans Alumni Association во Белград, пред претставници од Западен Балкан и ЕУ. Публикацијата е првата книга која излегува издадена од УКЛО, со копотпис од Алумни асоцијацијата на Западен Балкан WBAA. 

More from ВестиMore posts in Вести »