Press "Enter" to skip to content

Ученици од Битола се вклучуваат во дигиталната ера со обука на “HP Hewlett-Packard“

Во време кога технологијата драстично се развива, дигиталните вештини стануваат неопходни за секојдневието. Во иднина, за 9 од 10 работни места ќе бидат потребни дигитални вештини. Според истражувањето на Евростарт над 80 проценти од младите во Европската унија, на возраст од 16 до 24 имаат основни или над основни дигитални вештини.Во македонското општесто  се уште не може да зборуваме за дигитално писмени генерации. 64 проценти од младите во Македонија на возраст од 16 до 24 години имаат основни или над основни дигитални вештини. Нашите млади заостануваат за 33 проценти во однос на дигиталната писменост зад водечката Хрватска, која пак со 97 проценти има најголем процент на млади кои имаат основни и над основни дигитални вештини.Сериозни предизвици во процесот на дигитализација и пристап до дигиталните вештини, се забeлежува кај маргинализираните групи, со посебен фокус на Ромите. Во согласност со Европската Комисија, недостатокот на дигитални вештини во оваа заедница станува очигледna пречка во патот кон целосно уживање на нивните права и пристап кон различни услуги ширум дигиталниот свет. За да се изгради инклузивна дигитална заедница, потребно е да се внесат програми и мерки кои специфично се насочени кон маргинализираните групи како Ромите. Ова вклучува пристап до компјутери и интернет, обука за дигитални вештини, како и поддршка во развивањето на кариери во дигиталната област.Со цел да се подигне свеста за критичката важност на дигиталната писменост и вештини и да се поттикне разбирање на трансформативниот потенцијал што го носи дигиталното знаење, Преда плус Фондација реализира кампања под слоганот- Дигитализирај ја својата иднина: Отклучи го својот потенцијал.Освен кампањата, што ќе се реализира на социјалните медиуми, 10 ученици од средното училиште “Таки Даскало” во Битола добиваат можност за напредок во светот на дигиталните вештини. Учениците ќе посетуваат обука за дигитални вештини со програма развиена од технолошко дигиталната глобална компанија HP Hewlett-Packard од САД.  Оваа обука има за цел да ги поттикне младите луѓе со знаења и вештини потребни за да напредуваат во дигиталната ера. Обуката е во траење од вкупно 13 часа и ќе опфати две теми: комуникација и маркетинг. Обуката обезбедува вредна можност учениците да го подобрат своето дигитално образование, отворајќи ги вратите за нови можности и придонесувајќи за растот и успехот на нашата заедница.Обуките ги реализира Младинската организација ИМКА, сертифицирани од HP (Hewlett-Packard) за реализација на програма за дигитални вештини.

По комплетирањето на обукта учениците ќе добијат сертификат од HP потпишан од директорот на HP Life фондацијата.

Денес, со оваа обука  започнува кампањата за подигање на свеста за значењето на дигитализацијата и дигиталните вештини во современото општествено живеење, кој се реализира во склоп на проктот БАИР-здружена акција на Битола за вклучување на Роми, финансиран од Европската делегација, имплементиран од италијанската невледина организација-COSV, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација.