Press "Enter" to skip to content

Крводарителска акција на студентите на УКЛО Битола за денот на студентите (фото)

Судентите од УКЛО со највисок хуман и алтруистички чин – крводарителска акција го одбележа 11 декември,  денот на македонските студенти. Во организација на Универзитетското студентско собрание на УКЛО, Центарот за трансфузиона медицина во Битола и ОО  Црвен крст – Битола во СИЦ на УКЛО се одржа крводарителска акција. Крв даруваа студенти, академски и административен кадар на Универзитетот.

Нагласувајќи дека ова е прва активност на новото студентско раководство, студентскиот лидер на УКЛО, Борис Гушевски ја поздрави хуманоста на крводарителите, особено на студентите: Секој од нив што дарува крв, дарува за да спаси нечиј живот. Се надевам дека ќе има повеќе вакви и други акции што ќе ги организираме и очекувам голема заинтересираност од студентите.УКЛО е афирмиран партнер на Црвениот крст и Центарот за трансфузиона медицина во Битола, од каде потврдуваат дека студентите се постојани крводарители, меѓу кои има и такви кои се на повик.

Студентите од УКЛО со најновата крводарителска акција уште еднаш ја промовираа идејата за јакнењето на вредностите за подобро, похумано живеење и негување на највисоките човечки доблести.

More from ВестиMore posts in Вести »