Press "Enter" to skip to content

“Поголема примена на алтернативните мерки“, тркалезната маса  во Битола (фотогалерија)

Во Битола, во хотел “Епинал“ се одржа тркалезна маса на тема “Поголема примена на алтернативните мерки“, а денешната е последната од вкупно четири кои се одржаа Скопје, Штип и Гостивар, а денешната беше организирана за ова апелационо подрајче, заедно со претставници од релевантните институции низ Македонија.Проектот насловен како “Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ има за цел зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија. Ддискусија е во насока градење на капацитети и зголемување на знаењата на клучните институции во процесот на имплементација на алтернативните мерки, како до поефикасно балансирање помеѓу предностите и недостатоците во конкретни случаи и ефективно справување со предизвиците при примена алтернативните мерки.Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување на санкции за пронацијата рече дека е моќна алатка во кривично-правниот систем, стручна служба, организирана на ниво на Сектор во Управата за извршување санкции, која врши надзор над извршувањето на алтернативните мерки и условниот отпуст со заштитен надзор и врши проценка на ризикот на обвинетите во текот на судската постапка.-Во нашата држава многу малку луѓе слушнале или ќе слушнат прв пат дека постои пробација. Пробацијата во држвата од 2015 година е донесена, 2016 година е одложено дејствије. Од 2017 година е почната првата канцеларија. Од тогаш до сега имаме 11 канцеларии, 28 вработени. Имаме завршено твининг проект со германска екипа и Холандија заедно, твининг проект, ова е втор проект кој што се работи на едукација на пробациските службеници. Исто така во рамките на таа едукација на пробациските службеници, се обидуваме да бараме од експертите кои што доаѓаат од надвор, да бидат на ниво судии, затоа судиите секогаш кога се слушаат со судии, гледаат некако попозитивно на работата и сметам дека оние што ја применуваат активно пробацијата, кога ќе им кажат на нивните колеги овде во Македонија, е мноту појасно и поприфатливо, рече Стојановиќ и додаде:-Иднината на затворскиот систем е пробацијата, затоа што таа е многу поекономична и пофункционална.  Таа придонесува некое семејства да останат заедно, осудените лица да си ја задржат својата работа, својата егзистенција, така што има многу бенефити од тоа. Осудените лица имаат обврски во целиот период додека трае пресудата да соработуваат со пробациската канцеларија и со пробациските службеници. Ние имаме можност да правиме и теренска посета, доколку има општокорисна работа изречена, така што е многу корисна алатка и го проширува дијапазонот на казни кои што им стојат на располагање на судиите. Ние имаме во пракса, тоа вчера го зборувавме во Гостивар, статистички гледано судовите навистина ја применуваат оваа алтернативна казна, меѓутоа најчесто тоа е условна осуда без надзор. Тогаш ние перцепираме дека тие не се казнети, ниту осудени.За искуставата од примената судивката од Кривичниот суд Скопје, Оља Ристова рече:-Нема многу предмети на ниво на цела Македонија, меѓутоа на ниво на Основен кривичен суд Скопје можеме да се пофалиме дека најповеќе ја применуваме пробацијата. Започнавме уште веднаш 2018-2019 година и секоја година се зголемува бројот на предмети. Сега сме неколку судии кои предничиме во пробацијата и се стремиме кон тоа заедно сега на овие тркалезни маси со овој проект, да го пренесеме нашето знаење на другите колеги од другите гардови, за да применуваат повеќе алтернативни мерки, а пробациските службеници да го вршат надзорот над одлуките на судот. Заштитниот надзор додека трае условната осуда и каде што се даваат мерки на заштитен надзор.  Ако пробациската служба го контролира сметаме дека тоа лице ќе се ресоцијализира и нема повторно да се јави како сторител на кривично дело.Инаку, проектот е дизајниран да ги поддржи релевантните институции кои работат на полето на правдата, организиран криминал, борба против корупција и промоција и заштитата на основни и човекови права за подобрување на нивните капацитети, ефективност и влијание.Проектот е целосно финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Лудвиг Болцман Геселшафт – Институтот за основни и човекови права (LBIGMR), Министерството за внатрешни работи на Република Словенија (МВР), Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска (МПЈА) и Центарот за меѓународна
правна соработка (CILC).

More from ВестиMore posts in Вести »