Press "Enter" to skip to content

Членови на “Сумнал“ на тренинг на тема “Чекориме заедно со Ромите и Синтите“

Членови на Здружението за развој на ромската зедница „Сумнал“ беа дел од тренинг на тема „Чекориме заедно со Ромите и Синтите“ кој се одржа од 25 ноември до 2 декември во Рим, Италија. Целта беше да се поддржи еден од приоритетите на програмата Еразмус +: вклучување и различност, со акцент на намалување на степенот на диспаритет во сите полиња, вклучително и родовото.

Поради оваа причина, тренингот ги имаше следните специфични цели: – сексизам во ромските заедници (три главни теми: семејно насилство, ран брак и здравствена едукација на жените); – методи за спречување и борба против сексизмот во заедниците; – методи за подигање на свеста на заедниците на Ромите и Синтите; – промоција на инклузија на луѓе со помалку можности; – зајакнување и развивање на вештините на младинските работници за да им се овозможи да ги едуцираат младите за успешна борба против дискриминацијата, стереотипите и сексизмот; – унапредување на родовата еднаквост; – подобрена интеркултурна свест; – промоција на поголемо активно учество во општеството на младинските работници Роми и Синти; – зголемување на мотивацијата за учество во идно образование или обука по периодот на мобилност во странство; – подобрување на јазичните вештини (со акцент на англискиот јазик); – активно вклучување на младите со помалку можности; – промоција и зајакнување на соработката помеѓу организациите и локалните актери за размена на добри практики и знаења за промовирање на одржливи пристапи и алатки за работа против сексизмот во рамките на заедниците на Ромите и Синтите, земајќи ги предвид потребите на заедниците.

На тренингот учествуваа вкупно 20 учесници од Италија, Северна Македонија, Хрватска, Србија, Бугарија и Република Чешка. Проектот го координира италијанската организација ROWNI APS, а го финансира италијанската национална агенција преку Еразмус + програмата на Европската Унија.“

More from ВестиMore posts in Вести »