Систина Офталмологија, како водечка болница за очна нега, врз основа на исклучителниот начин на работа според највисоките стандарди на работа и грижа за нашите пациенти во изминатите 13 години, стана првата акредитирана очна болница во Македонија.
Акредитацијата е спроведена и доделена од Aгенцијата за квалитет и aкредитација на здравствени установи а служи како признание и доказ за беспрекорната посветеност на нашата болница кон своите пациенти и за секојдневниот стремеж за извонредност во офталмологијата. Систина Офталмологија ја доби највисоката оценка и максимален период на акредитација од 5 години.
–Горди сме на овој успех кој од една страна претставува потврда за досегашното работење засновано на работа според воспоставени процедури и протоколи и воедно е поттик за идно унапредување. Агенцијата за квалитет и акредитација беше огромна поддршка во овој заеднички процес кој неминовно беше дека ќе заврши успешно. Целокупното работење на Систина Офталмологија е според највисоките стандарди имајќи го пациентот во фокусот на се она што го работиме. Овој успех е резултат и на тимската работа на вработените во болницата и заедничакта заложба, изјави медицинскиот директор д-р Златко Арнаудовски.
Оваа Акредитација е потврда за позицијата на Систина Офталмологија како лидер во офталмолошките услуги во регионот, која работи според најсовремени третмани, подржани од тим на висококвалификувани медицински офталмолози, хирурзи, медицински сестри и анестезиолози.

“Систина Офталмологија“ прва очна болница акредитирана од Aгенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Битолчани “Кај Митре“ во Лутраки, Пожарско 45 години се како дома, на најубаво печење
- “Цермат“: За љубовта што се чувствува во секој залак
- Со “ЈК Травел“ патувај, уживај, доживеј, Велигден во Истанбул те чека
- Технички прегледи на ново ниво – Минт Центар
- Во “Бител“ цел март е месец на жената: ексклузивен “2 во 1“ пакет





