Македонија Макс – Пелистер Волеј 0:3
(11:25 13:25; 15:25)
Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола крајот на есенскиот дел од сезоната го завршија со уште една убедлива и максимална победа од 3:0 по сетови против екипата на Македонија Макс, натпревар кој го одиграа во гости во Струмица.
Со ова сениорската екипа со победа ја завршува 2023 година и ќе презими на првата позиција. Инаку ова беше осма победа од 9 натпревари што секако е одличен резултат.
Поените ги освоија: Меланија Каралиоска 15, Стефани Најдановска 12, Мила Андоновска 7, Марија Димитровска 6, Ивана Белокозовска 5, Билјана Јаковлевска 5, Христина Трајчевска 3, Антонија Стојковска 2, Ева Мијакова 1 и Марија Ристеска 1.