Press "Enter" to skip to content

Со концерт на мешаниот хор на КУД “Стив Наумов“ започна празнувањето на Св. Нектариј Битолски заштитник на Битола (фотогалерија)

Вечерва во пресрет на празникот во чест на Свети Нектариј Битолски, заштитникот на Битола, се одржа концерт на мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола, кој се одржа во свечената сала на Офицерски дом.Со овој концерт започнаа празнувањата по повод Преподобен Нектариј Битолски кој е заштитникот на Битола, а на него присуствуваа Владиката Петар, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, Високо пречесни, пречесни и преподобни отци и сестри, возљубени гости, почитувачи на делото на Св. Нектариј Битолски.Гостите во име на претседателот на КУД “Стив Наумов“ Владимир Христовски ги поздрави Моника Марковска, која на сите им го честита патронот на Битола, Преподобен Нектариј Битолски е заштитникот на Битола и порача неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието нека биде исполнето со меѓусебно почитување, добрина и љубов кои ќе придонесат да изградиме подобра иднина за Битола и битолчани.На концертот беше изведена духовна музика која на присутните им овозможи уживање со сите сетила на овој, за нас, значаен ден. Со мешаниот хор диригираше професорката Лилјана Трајковска – Димовски.Вечерва концертот започна со изведба на Тропар на Свети Нектариј во изведба на малата Јована Анастасовски, најмалиот член на КУД “Стив Наумов“.

Утре, понеделник, 18 декември, во 10 часот ќе започне литијата од храмот “Св. Великомаченик Димитриј“, по улицата “Кирил и Методиј“ покрај градската библиотека, до хотелот “Епинал“, потоа низ Широк Сокак до храмот “Св. Великомаченик Димитриј“. Предходно во Соборниот храм од 8 часот ќе се одржи литургија.Потоа во 14 часот градоначалникот на Битола ќе ги додели пофалниците на наградените ученици.

More from ВестиMore posts in Вести »