Press "Enter" to skip to content

Адвокатите од Битола го одбележаа Денот на битолската адвокатура (фотогалерија)

На 16 декември во 1976 година адвокатите од Битола за првпат формално и правно одлучија да регистрираат Општинска адвокатска организација (ОАО), која имаше за цел да ги штити и да ги застапува интересите на адвокатурата.По тој повод во ресторанот “Белведере“ во Битола одржаа свечена седница на Адвокатската заедница на Битола, на која присуствуваа повеќе од 80-тина адвокати од Битола и делегација на збратимената адвокатска комора од Крагуевац, Србија. На седницата беше присутна и претседателката на Основниот суд Битола – Татјана Петровска.-На оваа свечена седница, ние сегашните адвокати од Битола, преку Адвокатската заедница на Битола се потсетуваме на претходниците, ги поздравуваме оние кои бележат јубилеи во работењето, но и тие кои пристапуваат кон адвокатурата, рече претседалот на адвокатската заедница на Битола, Иван Рутевски, кој ги поздрави новите членови, а им го честита јубилејот на адвокатите кои оваа година прославуваат јубилејни години од работењето како адвокати.Рутевски на свечениот состанок го претстави единетвениот жив адвокат која биле дел од Општинска адвокатска организација, кој живее во Австралија, Гоце Милошевски. Адвокатот д-р Никола Главинче, кој го оствари контактот со Милошевски, го прочита обраќањето од Милошевски од Австралија, кој поради тоа што го совладаа емоциите не можеше директно да се обрати. На состанокот посебно беа поздравени адвокатите Драги Пажиќ, Андријана Петровска – Здравковска, Сузана Зацевска, Ангелина Јошевска, Благој Манаковски и Трифко Неделковски кои прославија голем јубиле, 30 години адвокатска работа.Во нивно име се обрати адвокатката Андријана Петровска – Здравковска која рече:-Драги колеги, прославувам 30 години од почетокот на мојата адвокатска работа, кои изминаа како миг, поминаа прекрасно, и беа полни со радост, полни со работа, со многу “трчање“. Добар дел од работниот век го изминав по чекање по судските ходници, во одлагање расправи, но никогаш не се пожалив. Знам дека никој од вас не ме видел нервозна по ходниците, во судниците, и ниту ќе ме види некогаш во такво издание и во наредните 30 години. Поминаа многи генерации судии, адвокати, дел од нив не се тука. Многумина од нив во почетокот ми одржуваа лекции, меѓу нив беа Сотир Главинче, Васко Георгиев, но мислам дека брзо ги учев лекциите, и успевав да го достигнам. Сакам сите во еден момент сакам да дочеката ваков момент, но се надевам дека правото и правдата кои одамна заминаа во различни колосеци ќе се сретнат на едно место за брзо и ќе имаме подобар и поздрав момент за работа.

Рутевски и го честита пезионирањето на адвокатите Вукица Наумовска и Здравско Бошевски, кои добија подароци по тој повод од своите колеги, како спомен за нивната работа и членување во адвокатската заедница.Нови адвокати во Битола се Мирко Наумовски, Катерина Василевска – Дојчиновска и Никола Наумовски. На свечениот состанок беа присутни и колегите, адвокати од Крагуевац, Србија, со кои се збратимени од 2005 година.По свечениот состанок следуваше и традиционалната адвокатска забава која беше отворена со песната “Ако одам во Битола“ која ја има напишано адвокатот Петар Георгиев – Калица.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »