Press "Enter" to skip to content

Во Битола света литургија и литија во чест на Св. Нектариј Битоски, заштитник на градот (фотогалерија)

Денес, во Битола, во слава на преподобниот Нектариј кој тивко и достоинствено се преселил во вечното царство Христово, на 5 декември 1500 година, верници од Битола денес во храмот “Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, од каде со света литургија Владиката Петар, во сослужение на Епископ Јоаким од Дељадровско – илинденската епархија идруги свештени лица беше одбележан на Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на Битола.

По службата се пристапи кон Светата Причеста, каде од виното-крвта Исусова, се причестија голем број верници.Потоа, според востановената традиција, низ повеќе битолски улици се одржа Литија која ја предводеа Владиката Петар и Епископ Јоаким, а во литијата беше градоначалникот на Битола Тони Коњановски со сопругата и пратеничката Олга Лозановска.-Ние го празнуваме патронот на Битола, Преподобниот Отец Нектариј Битолски. Сите оние кои него го прославуваат тој за нив се моли, го славиме Бога што го просветлил и во тој дух. Битола го воспитала Нектарија, а се надевам дека тој, Светецот, ќе не провети нас, жителите на Битока. Битола, дебес е радосна духовно пред се, заради покровителот нејзин – Преподобниот отец наш, ќе каже митрополитот преспанско – пелагониски г. Петар.Оваа година, Општина Битола, токму како поттик за младите генерации, преку програмата за култура по повод чествувањето на Свети Нектариј Битолски, доделени се  награди за талентираните ученици, кои со својот неуморен труд, постојано го збогатуваат своето знаење, а за тоа имаат одредени признанија. 

More from ВестиMore posts in Вести »