Press "Enter" to skip to content

Пелистер од Битола најуспешен на Државниот натпревар во аики демо во Кочани

На Државниот натпревар во аики демо во Кочани најдобри резултати остварија домаќинот Нико, Маруи и Пелистер од Битола.

Покрај натпреварот се одржа и семинар во реален аикидо и полагање за појаси во рамките на одбележувањето на 10-годишниот јубилеј на Клубот за реално аикидо и Кардио фитнес „Нико“ од Кочани. На семинарот имаше над 100 учесници и натпреварувачи од Македонија и регионот. Предавачи беа мајстори во реален аикидо од земјава и странство, а меѓу нив у Ѓуро Илиќ – 8 дан.Медали за Пелистер освоија:

Прво место во категорија  У-15-М Леонардо Стојковски.

Во категорија  У-18-M, третопласиран е Горазд Наумов.

Во категорија  У-21-M, подедник е Александар Лозановски, а на трето место е Томе Кузмановски.Во категорија  У-23-М Пелистер има два медали, Филип Макаловски првопласиран и на второ место Никола Димковски.

Прво место во категорија У+30 освои Петар Ристески.

More from ВестиMore posts in Вести »