На Државниот натпревар во аики демо во Кочани најдобри резултати остварија домаќинот Нико, Маруи и Пелистер од Битола.
Покрај натпреварот се одржа и семинар во реален аикидо и полагање за појаси во рамките на одбележувањето на 10-годишниот јубилеј на Клубот за реално аикидо и Кардио фитнес „Нико“ од Кочани. На семинарот имаше над 100 учесници и натпреварувачи од Македонија и регионот. Предавачи беа мајстори во реален аикидо од земјава и странство, а меѓу нив у Ѓуро Илиќ – 8 дан.Медали за Пелистер освоија:
Прво место во категорија У-15-М Леонардо Стојковски.
Во категорија У-18-M, третопласиран е Горазд Наумов.
Во категорија У-21-M, подедник е Александар Лозановски, а на трето место е Томе Кузмановски.Во категорија У-23-М Пелистер има два медали, Филип Макаловски првопласиран и на второ место Никола Димковски.
Прво место во категорија У+30 освои Петар Ристески.