Денес се одржаа Универзитетска студентска конференција на тема: “Од студентите на УКЛО за општеството“ на која учествуваа 33 студенти и 31 ментор од различни единици на универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола.
Во врска со настанот, студентскиот лидер Борис Гушевски истакна:
-Денес, кога се собираме тука, ние не отвораме само врати кон знаењето, туку и креираме простор за дискусии што ги обликуваат идеите на иднината. Ова е време кога идеите настапуваат, креативноста се претвора во акција, а иновациите стануваат реалност. Сакам да ве потсетам дека вашето присуство тука не е случајност, туку израз на вашата желба за раст, учење и дејство и по тој повод би сакал да им порачам на сите студенти да продолжат да ја одгледуваат својата научна љубопитност, да учат и да прашуваат, да создаваат и осознаваат и никогаш да не престанат да вложуваат во науката.
Од името на УКЛО и ректорот Игор Неделковски, се обрати проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска.
Таа се осврна кон поширокото академско значење на Конференцијата што обедини 25 трудови од студенти и ментори од Универзитетот и ги истакна придобивките од вмрежувањето, активниот истражувачки напор и пристап, особено затоа што студентските идеи може да се користат и да помогнат во решавање на општествени теми и актуелни состојби.
Инаку, покрај Комисијата за студентски работи задолжена за оценување на студентските трудови, и студентите учесници на Конференцијата ги самоевалуираа своите презентации, со што е обезбедена потребна висока објективност и вреднување на истражувачките трудови.
Универзитетската студентска конференција се одвиваше во две работни сесии во простории на Студентскиот информативен центар на УКЛО.
Настанот е заокружен со доделување сертификати за студентите и пофалници за менторите.

Успешна Универзитетска студентска конференција 2023 на студентите на УКЛО Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Билтен на МВР: битолчанец со “опел“ возел во спротивна насока под дејство на алкохол
- Даскаловски и Малешевиќ едногласни: вечер во Битола вистинско дерби, сакаме победа над ТФТ и прво место
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 10 степени
- Утре продолжуваат кошаркарските возбудувања во Битола – „пелистерци“ едногласни: одиме по нова победа против ТФТ
- Свечена академија во Библиотеката по повод патрониот празник, плакета за Александар Стерјевски постхумно (фотогалерија)





