Дел од фудбалерите и Управата на фудбалскиот клуб Пелистер денес беа во посета на Домот за доенчиња и мали дека, а поводот беше донација, новогодишни пачетчиња за сите дечиња, кои се сместени во мали семејства.
Претседателот на ФК Пелистер, Митко Стојковски, при средбата со директорката на Домот, Анета Талевска, истакна дека ова мала донација, но се надева дека ќе ги израдува малите штитеници на домот за време на новогодишните и Божикните празници, а донацијата е во има на сите фудбалери и на сите кои се дел од клубот.
Директорката Талевска се заблагодари во име на вработените и малите штитеници, и истакна дека празниците и новогодишните подароци се радост за нив и децата, и на Стојковски му додели благодарница за новогодишната донација.
На краткиот состанок Стојковски предложи поголемите деца и лицата со попречености да бидт гости на фудбалскит клуб Пелистер, на срадионот и во клубските простории, а договорено е што има поволни временску услови да им бидат гости и да бидат на трибините на фубдалските натпревари.

ФК Пелистер ги израдува дечињата од Домот за доенчиња и мали деца во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Билтен на МВР: битолчанец со “опел“ возел во спротивна насока под дејство на алкохол
- Даскаловски и Малешевиќ едногласни: вечер во Битола вистинско дерби, сакаме победа над ТФТ и прво место
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 10 степени
- Утре продолжуваат кошаркарските возбудувања во Битола – „пелистерци“ едногласни: одиме по нова победа против ТФТ
- Свечена академија во Библиотеката по повод патрониот празник, плакета за Александар Стерјевски постхумно (фотогалерија)





