Press "Enter" to skip to content

ВМРО-ДПМНЕ не доби мнозинство за поставување на дневен ред интерпелација за Илиевска

На почетокот на денешната 34. седница на Советот на Општина Битола, советничката група побара на дневер ред да се стави и точка за да се изгласа недоверба на претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска. Барањето го постави Бојан Бојковски, кој побара и тоа да биде поединечно.

За предлогот на гласање на недоверба на Илиевска гласаа 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ.

За останување на Габриела Илиевска на местото претседалат на Советот на Општина Битола гласаа вкупно 16 советници. Покрај тројцата советници од Поинаку, заедно со Илиевска, за итерпелацијата да не биде поставена на дневен ред гласаа и 13 советници од опозициската советничката група предводена од СДСМ.

Советниците на Левица беа воздржани. 

По таквиот резултат од гласањето, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на прес-конференција изјави дека денеска во Битола и официјално беше промовирана новата коалиција, која  ја сочинуваат СДСМ и Поинаку, а е потврдена со неизгласување на предлогот за разрешување на Илиевска.

More from ВестиMore posts in Вести »