Press "Enter" to skip to content

Денес 34. седница на Советот на Општина Битола, ќе се расправа по 75 точки од дневниот ред

Претседателката на Советот на Општина Битола за денес, 21 декември, 2023 година ја закажа 34. по ред седница на Советот на Општина на која на дневен ред ќе се најдат 75 точки на дневениот ред. 

На оваа 34, седница претпоследна за оваа година, останува седницата за донесување на Буџетот на Општина Битола за 2024 година, ќе се расправа за финансиските планови и програми на јавните претријатија, развојните планови на истите, за збратимување со градови од Унгарија и Јапонија, за поставување на бисти и споменици…

Дневниот по кој ќе се расправа на седницата е:

1.Финансиски план за работа на ЈП „Комуналец“ за 2024 година.

2. Финансиска програма за одржување на јавната чистота на јавните површини на територија на Општината Битола за 2024 година

3. Финансиска програма за одржување на јавните зелени површини на територија  на Општината Битола за 2024 година

4. Годишен план и Програма за работа на KЈП „Нискоградба“ за 2024 година.

5. План за работа (Програма за работа и развој) на ЈКП „Водовод“ за 2024 година.

6. План за работа на ЈП „Пазари“ за 2024 година.

7. Програма за работа на ЈПСИЗ „Жабени“ за 2024 година.

8. Оперативна програма за поправка и одржување на улично осветлување (тековно одржување – замена на живините, натриумовите и флуорецентните светилки со лед светилки и аматури заради поголема енергетска ефикасност на целиот систем за улично осветлување) на подрачјето на Општина Битола, рурални средини реони Бистрица, Цапари и Кукуречани за 2024 година

9. Оперативна програма за поправка и одржување на улично осветлување на подрачјето на Општина Битола за град Битола за 2024 година.

10. Инвестициона оперативна програма на ЈПСИЗ „Жабени“ за 2024 година.

11. Финансиски план и програма за работата на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола за 2024 година.

12. Програма за работа за 2024 година за ЈППЈЛП Битола.

13. Годишна Програма за превоз на ученици за подобрување на одржливост и квалитет на превозот на меѓуопштински и општински линии на територија на Општина Битола за 2024 година на Меѓуопштинско Јавно претпријатие ПЕЛАЛИНК Битола.

14. Годишна програма за работа за 2024 година на ЈОУ Културен информативен центар Битола.

15. Годишна програма за работа на ОЈУ Зоолошка Градина Битола за 2024 година.

16. Годишна програма за работа на ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“ Битола за 2024 година.

17. Програма за измена и дополнување на Програмата за Развојни планови на Општина Битола за периодот од 2024 до 2026 година.

18. Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општината Битола за 2024 година.

19. Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Битола за 2024 година.

20. Програма за одржување на комунални објекти и инсталации, локална патна мрежа и улици во Општина Битола за 2024 година.

21. Програма за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2024 година.

22. Програма за економски развој на Општина Битола за 2024 година.

23. Програма за туризам на Општина Битола за 2024 година.

24. Програма за образование во Општина Битола за 2024 година.

25. Програма за социјална заштита во Општина Битола за 2024 година.

26. Програма за еднакви можности во Општина Битола за 2024 година.

27. Програма за активностите во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2024 година.

28. Програма за култура во Општина Битола за 2024 година.

29. Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Битола за 2024 година.

30. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Битола за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година.

31. Програма за финансирање на изработка на Урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2024 година.

32. Програма за Животна средина во Општина Битола за 2024 година.

33. Годишна Програма за хуман третман и благосостојба на бездомните животни на подрачјето на Општина Битола за 2024 година.

34. Оперативен план и Предлог Програма за контрола и уништување на комарците на територијата на Општина Битола 2024 година.

35. Оперативен план и Предлог Програма за спроведување на системска дератизација на каналски систем, јавна депонија Мегленци, дивите депонии и ѓубришта на територија на Општина Битола за 2024 година.

36. Локален акционен план за управување со отпад 2024-2025 година.

37. Програма за измена и дополнување на Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен обележја за период од пет години во Општина Битола (2023-2028)

38. Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина дем,ир Хисар.

39. Одлука за збратимување на Општина Битола со Општина на XVIII Дистрикт на Будимпешта, Унгарија.

40. Одлука за збратимување на Општина Битола со Општина Чигасаки од Јапонија

41. Одлука за за отстапување на движни ствари на трајно користење на Јавното претпријатие „Комуналец” Битола

42. Одлука за изведување на градба – поставување на спомен обележје на „Александар Турунџев“.

43. Одлука за изведување на градба – поставување на биста на првоборец „Пецо Гудовски“.

44. Одлука за изведување на градба – поставување на биста на народен херој „Генерал Васко Карангелевски“.

45. Одлука за изведување на градба – поставување на спомен обележје на „Јонче Христовски“.

46. Одлука за обезбедени средства за надоместок за експропријација на недвижен имот за изградба на комунална инфраструктура во Општина Битола.

47. Одлука за давање во закуп со надоместок на недвижни ствари сопственост на Општина Битола со електронско јавно наддавање.

48. Одлука за утврдување на почетна цена за давање во закуп на микролокации предвидени за поставување на урбана опрема рекламно информативни паноа – Билборди.

49. Одлука за поставување на урбана опрема – рекламни паноа – Блиборди на подрачјето на Општина Битола за периодот 2023-2028 година.

50. Одлука за пренесување на право на управување и тековно одржување на објектите за спорт од локално значење и детски паркови на подрачје на Општина Битола на ЈП Комуналец, Битола.

51. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на донација опремување на соба за третмани од страна на Германско Друштво за Интернационална Соработка – ГИЗ, Проект за Социјални Права на Ранливи Групи – СоРи III.

52. Решение за давање согласност на одлуката за давање донација за изработка на планска програма и изработка на ДУП (Детален Урбанистички план за Блок 3.08.01).

53. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифите за собирање и одведување на урбани отпадни води на КЈП Нискоградба, Битола со П.О. за регулиран период 2024 – 2026 година по категории на корисници.

54. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифите за прочистување на отпадни води на КЈП Нискоградба, Битола со П.О. за регулиран период 2024 – 2026 година по категории на корисници.

55. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифи за вода за пиење на ЈКП Водовод, Битола за регулиран период 2024 – 2026 година.

56. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифи за вода за пиење на ЈКП Водовод, Битола за регулиран период 2024 – 2026 година, согласно Решение од Регулаторна Комисија за енергетика, водни услуги и услуги за утврдување со комунален отпад на РСМ.

57. Решение за давање согласност на Одлуката за дополнување на Правилникот и начин на наплата на јавните паркиралишта на ЈППЈЛП Битола.

58. Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈКП „Водовод“Битола.

59. Решение за измена и дополнување на Решението за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во средните училишта на подрачјето на Општина Битола за учебната 2023/2024 година

60. Решение за давање согласност на одлуката за измена на наменска и блок дотација на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“Битола.

61. Решение за давање согласност на Одлуката за донесување Годишниот финансов план за средства од наменска и блок дотација за 2024 година на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“Битола.

62. Решение за давање согласност на Одлуката за донесување Годишниот финансов план за средства од самофинансирачки активности за 2024 година на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Естреја Овадија Мара“Битола.

63. Решение за давање согласност на Одлуката за донесување Годишниот финансов план за донаторска сметка за проектот „Инклузија на деца роми во предучилишни установи – детски градинки“ за 2024 година на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Естреја Овадија Мара“Битола.

64. Решение за давање согласност на Одлуката за престанок на мандатот на претставникот од родителите на деца во Управниот одбор на ЈОУДГ „Мајски Цвет“Битола.

65. Решение за формирање Комисија за изработка на Програмата за работа на Советот на општината Битола за 2024 година.

66. Решение за измена на Решението за формирање на работна група која ќе работи на Велосипедската инфраструктура во Општина Битола.

67. Решение за формирање на Комисија за заштита на правата на пациентите.

68. Решение за разрешување и именување на членови на Партиципативното тело за урбанистичко планирање на Општина Битола.

69. Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор во КЈП „Нискоградба“Битола.

70. Решение за разрешување и именување на член во Училишниот одбор на СОЗУ „Кузман Шапкарев“Битола.

71. Решение за разрешување и именување на член во Училишниот одбор на СОТУ „Ѓорги Наумов“Битола.

72. Решение за разрешување и именување на член во Управен одбор на Работнички Универзитет „Крсте Петков Мисирков” Битола.

73. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправните објекти во идна урбанистичко планска документација (КП бр.8016 КО Битола 4).

74. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправните објекти во идна урбанистичко планска документација (КП бр.10984 КО Битола 5).

75. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправните објекти во идна урбанистичко планска документација (КП бр.865/1 и 866 КО Битола 4).

More from ВестиMore posts in Вести »