Press "Enter" to skip to content

11 години кафе-бар “Јагода“ (фотогалерија)

-На 20 декември 2012 година започна приказната за кафе бар  “Јагода“. Во тој период некои предвидуваа и овој ден го прогласуваа дека ќе биде “денот на крајот на светот“. Но, за нас тоа беше почетокот, односно отворање на  кафе бар  “Јагода“. Денес славиме 11 години, од тој ден, рече по повод роденденот, менаџерот, Никола Колевски.Ако пред 11 години никој и не веруваше дека на едно место на крајот на улицата “Широк Сокак“, од стар, неугледен, дуќан-локал, кој го носеше името “Јагода“, ќе “тргне“ работата, сега сите го знат оваа место и битолчани, стари и млади, го именуваат “кај Јагода“, а за тоа како поминаа овие 11 години Колевски додава:-11 години ни поминаа, некако наеднаш. Со забава, со добра атмосфера, а она што им го понудивме на битолчани, како нешто ново, алтернативно, но да бидеме искрени и многу сработивме, во секој поглед. Мислам дека воведовме ново движење. Ние сме една од ретките кафани на Балканот каде што има електронска музика заедно со храна. Можам да дополнам дека, со популарноста на локалот и посетеноста, овој концепт е прифатен од градот, а и пошироко со оглед на тоа што имаме и гости од регионот и државата.Р0денденот не би бил роденден без роденденска торта, јаготката која е заштитен знак на “Јагода“, а се прослави со најблиските, со постојаните и редовни гости, овој пат без многу помпезности.До 15 јубилеен роденден од “Јагода“ додаваат дека се ќе оди како и досега, во нагорна линија, а за тој роденден веќе имаат планови. 

Ж.Ристевска