Еурофарм Пелистер од Битола ја извести јавноста и своите приврзаници дека спогодбено го раскина договорот со српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ, само по десет месеци по неговото доаѓање во клубот од тимот на Мешков Брест.
Српскиот лев бек ќе тргне по нов предизвик, за што од таборот на “пелистерци“ му посакаа успеси и многу среќа.
26-годишниот Стевановиќ со Еурофарм Пелистер го освои шампионатот на Македонија во сезоната 2022/23, а настапуваше и во СЕХА лигата, домашниот шампионат, национален куп и Супер купот.
По завршување на полусезоната од Еурофарм Пелистер си заминаа Португалецот Вилсон Дејвис, како и данскиот двоец Андреас Јохан Нилсен и Каспер Кисум.