Press "Enter" to skip to content

И официјално влеговме во зима, започна утрово во 4 часот и 27 минути, ќе трае до 20 март 2024

Денес, петок,  22 декември 2023 година, рано наутро, точно во четири часот и 27 минути, и официјално започна зимата. Ќе трае 88 дена, 23 часа и 39 минути, се до 20 март 2024 година.

За нас на северната хемисфера, зимата започнува кога Сонцето во своето очигледно годишно движење низ небото ќе ја достигне најниската точка на својот пат, а неговите зраци го удираат зимскиот повратник под прав агол. Во тој ден, ноќта е најдолга, а денот е најкраток во годината.

Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица и ќе биде најкраток оваа година. Ноќта постепено ќе станува пократка, а денот подолг.

Начинот на кој функционира краткоденицата – заедно со пролетната и есенската рамноденица – ги фасцинира луѓето илјадници години.

More from ВестиMore posts in Вести »