Press "Enter" to skip to content

Доплер на периферни крвни садови во Жан Митрев Дијагностик Битола

Светските епидемиолошки и клинички статистички податоци упатуваат на зачестеноста на заболувањата на периферната циркулација, кои споро но прогресивно ги зафаќаат крвните садови.

ШТО опфаќа доплерот на периферни крвни садови?

Васкуларниот доплер на артериски крвни садови е неинвазивна, безбедна и безболна дијагностичка метода, каде со најсовремена доплер сонда, се следи протокот на крвните садови на екстремитетите.

Дијагностичката метода овозможува преглед на стеснувањата или комплетните запушувања на овие крвни садови, кои може да доведат до јаки болки во потколениците при пешачење, евентуални рани или гангрени по стапалата или нозете.

ЗОШТО доплер на периферни крвни садови?

Изведувањето не бара претходна подготовка од страна на пациентот.

Испитувањето е безболно и нема несакани последици по здравјето на пациентот.

По испитувањето се креира натамошна стратегија за медикаментозно или хируршко лекување.

Операциите кои се извршуваат во Одделот васкуларна хирургија се покриени од фондот (ФЗОМ), а за пациентите надвор од Македонија Клиничката болница “Жан Митрев“, има склучено договор за соработка со приватни осигурителни компании.

Закажете го вашиот преглед:

“Жан Митрев Дијагностик“ Битола,  +389 70 408 075, +389 47 266 633 и +389 47 266 631.