Press "Enter" to skip to content

Литературното читање “Во книжевниот универзум на Ацо Шопов“ (фотогалерија)

Во Офицерски дом во Битола се литературното читање насловено “Во книжевниот универзум на Ацо Шопов“ по повод стогодишнината од нашиот поетски великан Ацо Шопов, на кое присуствуваа деканката на Педагошки факултет – проф. д-р Данче Сивакова – Нешковски, претседателката на МНД Битола – проф. д-р Невена Груевска, директорката на КИЦ Битола – Лили Бошевска, професори и студенти од Педагошки факултет Битола, почитувачи на делото на Ацо Шопов.Ова литератирно читање за нашиот голем македонски поетски великан, Ацо Шопов, беше организирани од Педагошки факултет – Битола, Македонското научно друштво – Битола и Културен и информативен центар – Битола.Повод за одржување на литературното читање на кое се одржа на македонски и англиски јазик, естогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов.На почетокот на настанот, преку видео обраќање си обрати Јасмина Шопова, преведувач и толкувач на поезијата на Ацо Шопов, потпретседател на Фодацијата “Ацо Шопов- поезија“ и воедно негова ќерка.Настанот продолжи со настап на студенти при факултетот за учители кои читаа негова поезија, проза и критики, на македонски и англиски јазик.Учесници во литературното читање се студенти од Педагошки факултет – Битола, од студиските програми Англиски јазик и книжевност и Македонски јазик и книжевност, кои во рамките на еден поголем преведувачки проект, под менторство на вонреден професор д-р Силвана Нешковска, направија препеви на англиски јазик на дел од песните на Ацо Шопов, но и преводи на неколку негови раскази и литературни осврти напишана за делата на Шопов.

More from ВестиMore posts in Вести »