Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: пулмонална емболија

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.   Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за пулмонална емболија, за што вели:

-Пулмоналниот емболија настанува кога тромб најчесто од длабоките вени на долните екстремитети ќе се одкини и преку циркулацијата ќе обструира дел од пулмонална артерија со нарушувањена докторот на артериска крв  во дел од белoдробниот паренхим. Ризик фактори се долга имобилизираност и мирување после операции, фрактури на фемур и карлица, бременост, хиперкоагулабилни состојби. Најголемата шанса за настанување на пулмоналниот емболизам е 72 часа после длабока венска тромбоза најчесто на долните екстремитети, поретко на пелвична, ренално хепатални вени и горни екстремитети. Докoлку е масивна белодробната емболијата клинички настанува нагло синкопа, диспнеја, тахипнеја,ангинозни болки, цијаноза пациентот е блед со ладна пот акутно оптоварување на десниот вентрикул и акутно белодробно срце често со развивање на асцитес, едеми по нозете и хепатомегалија како знаци за десносрцева слабост.

Во поставување на дијагнозата најзначајна е контрасната КТ на бели дробови и перфузионо вентилацискиот скен, со ехокардиографија можи да се видат индиректни знаци како дилатација на десната комора, нарушен контрактилитет на десен ѕид, D shape на левата комора, ехографски при настанување на  инфаркт на белите дробови често има хипоехогени триаголни дефекти на ехо најчесто во долни лобуси на белите дробови во постериорни регии како и клиничка појава на температура, тахипнеја, тахикардија, крв во исплувок-хемоптизии, градни силни болки 3 до 7 дена после оклузијата на пулмоналната артерија поради отсуство на развивање на белодробна колатерална циркулација.

Клинички постои и субмасивна пулмонална емболија кога е опструиран помал дел од белодробната артерија и кога нема големо оптоварување на десната комора и полесни симптоми.

Лекувањето е најчесто брзо со антикоагулантна терапија и антитромботична со цел воспоставување на нормален крвоток низ оклудираната пулмонална артерија.