Press "Enter" to skip to content

Д-р Вангелов заедно со ЗУР Македонски ракотворби исполнија дел од новогодишните желби на децата од “Кочо Рацин“

Во организација на ЗУР Македонски ракотворби од Битола беше организирана донаторска акција и работилница “Писмо до Дедо Мраз“ на која дечињата од ОУРЦ “Кочо Рацин“ ги напишаа своите најголеми новогодишни желби.

Притоа донирани се пригодни подароци и исполнети се дел од новогодишните желби на сите дечиња.Во донациите учествуваја како најголем донатор д-р Михајло Вангелов и битолските фирми “Кнауфистика“, “Ајтен“ козметичко студио, Здружение на дијабетичари.

-Д-р Михајло Вангелов изјави:

-Вреди да се исполнат дел од сите нивни детски сништа, за нивните искрени насмевки! Се надевам дека со овие, од срце подарени, поклони ќе им пружиме радост и искрени, најубави насмевки кај децата од ОУРЦ “Кочо Рацин“, како е да испратиме едно големо благодарам за сите вработени во таа институција кои несебично со љубов даваат се за тие деца.

More from ВестиMore posts in Вести »