Press "Enter" to skip to content

Завршна конференција на “Лачо Диве“ и “Сумнал“

Завршна конференција на „Лачо Диве“ и „Сумнал“ за проектот „Ние ги водиме промените – We Lead The Changes” Вчера, 20-ти декември 2023 во Скопје (Хотел Парк), Здружението на жени Ромки „Лачо Диве“ и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ оддржаа завршен настан за проектот „Ние ги водиме промените – We Lead The Changes” со финансиска подршка од Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација ,,РРОМА” ; во рамките на проектот “Romani women POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey”.На завршниот настан се презентираа постигнатите резултати од проектот, беа презентирани премиерно и две видеа од успешни жени Ромки, а исто така беа и доделени сертификати за учесниците на работилниците. Свои говори имаа м-р Сибел Бајрам од „Лачо Диве“, Викторија Михајловска од „Сумнал“ и Урмета Арифовска од „РРОМА“. Проектот „Ние ги водиме промените – We Lead The Changes” има за цел да ги запознае жените Ромки со начинот на функционирање на политичките системи низ светот со посебен осврт на политичкиот систем во Република Северна Македонија, како и со алатките преку кои жените Ромки можат да земат учество во влијанието врз одлуките.Во рамки на проектот беа постигнати следниве клучни резултати:

– 22 жени Ромки и Роми од Скопје, Велес и Битола за над 50% ги зголемија своите знаења за политичкиот систем и локална демократија, како и над 60% за антициганизмот;

– Над 20 жени Ромки го посетија Собранието на РСМ преку студиска посета на којашто дознаа за тоа како функционира Собранието, а имаа и можност да имаат средба со пратенички од актуелниот состав и да поставуваат директни прашања;

– Над 15 жени Ромки ја посетија Општина Битола, се запознаа со вработените и функционерите во општината и имаа можност да следат како се подготвува седница на совет како и да се запознаат со процесите на донесување на одлуки;

– Беа објавени 3 авторски мотивирачки видеа, од кои 2 беа успешни приказни на жени Ромки коишто треба да ги мотивираат младите девојки да продолжат со образованието;

– Беа подготвени и доставени 2 барања со над шест буџетски предлози до Општина Чаир и Општина Битола со приоритети на ромската заедница во тие општини.

More from ВестиMore posts in Вести »