Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: како да се справите со чувствата на  претпразничната  депресивност?

Очекувањата како сопствени така и оние кои ги чувствувате дека другите ги имаат спрема вас, често се поставуваат на високо ниво во текот на празничната еуфорија.

Празници се ближат… Магично околу нас : Божиќни песнички, блескаат сијалички насекаде во нашиот дом и  околу нас. Не можеме а да не ја почуствуваме еуфоријата која ги прати прзниците и донесува радост, возбуда, исчекување, но пратена е и со други предизвици. Празничното купување и сите подготовки за прославување односно сета оваа еуфорија може да предизвика стрес и да доведе до промени во нашето расположение. Од сите се очекува да бидеме среќни, весели, расположени. Но често во овој период се јавуваат и сосема спротивни чувства на тага, празнина па дури и  анксиозност. Тоа се „симптомите“ на  т.н претпразнична депресивност.

Претпразничната тага е емоционална состојба која може да се јави во тек на празничната сезона, пред самите празници  Нова година, Божик и празниците кои доаѓаат потоа. Таа состојба ја карактеризира тага, стрес, и општо незадоволство кое се засилува во текот за подготовките за преазниците. Важно е да се напомене дека оваа состојба не е формален медицински дијгностификуван поим, туку опишува збир на чувства  кои многу луѓе ги доживуваат за време пред и после период на празниците.

Претпразничната депресија може да се јави од различни причини, а некои од најчести фактори се:

Финансискиот притисок: трошење за празничните подготовки, купување на декорации, подароци… може да предизвикаат стрес, посебно ако буџетот е ограничен. Или најчесто ако сакаме да потрошиме и повеќе..  

Социјален притисок: очекувањата поврзани со празничните собиранки и  обврски кон општествените правила (дека би требало да одиме таму и таму со определено друштво, на слава каде ќе не прашуваат повеќе од што би сакале…) исто така може да предизвикаат анксиозност и стрес. Ако сме изгубиле сакана личност: празниците  може да го нагласат чувството на губиток, посебно ако ни недостигаат оние кои не се повеќе со нас. Или се далеку од нас. Тоа носи длабоки чувства  на тага и меланхолија.

Осаменост: за оние кои се чувствуваат осамено или немаат поддршка од семејството и пријателите,  може да го зајакне чувството на изолација.

Важно е да разберете дека стресот не мора да биде неизбежен дел на празничната сезона.

-Поставете реални очекувања, како кон себе, така и спрема другите. Може да ви помогне како да се носите со притисокот.

-Прифатете дека празниците не мораат да бидат совршени, туку пред се исполнети со љубов и заедништво.

Најважно е вашата  емоционално благостојба и активно управување со стресот, тоа е клучно за создавање на позитивно  смирено празнично искуство.

Стратегии за самопомош

Сега е право време да рзавиете стратегии за управување со стресот. Вежби на дишење и свесно усмерување на мислите може да биде од голема помош. Со овие стратегии, можете активно да работите на зачувување на својата емоционална благосостојба во текот на празничната сезона. Започните со вежби за дишење кои може да ја намалат напнатоста во телото и да го смират умот. Длабоко дишење, посебна техника со задржување на воздухот во стомакот, задржување неколку секунди и внимателно издишување. Може да ги намали чувствата на анксиозност.

Свесно усмерување на мислите.

Препознавање на негативни и стресни мисли и свесно да ги замените со позитивни или охрабрувачки мисли. Тоа може да ја подобри емоционалната состојба.

Најзначајно повразување со сакани личности и споделување на своите чувства.

Препознавање на негативните чувства и споделување на истите со пријателите и семејството. Личности кои можат да ви пружат поддршка, чувство на поврзување и разбирање.