Во организација на ЗУР Македонски ракотворби од Битола беше организирана донаторска акција и работилница “Писмо до Дедо Мраз“ на која дечињата од ОУРЦ “Кочо Рацин“ ги напишаа своите најголеми новогодишни желби.
Притоа донирани се пригодни подароци и исполнети се дел од новогодишните желби на сите дечиња.Во донациите учествуваја како најголем донатор д-р Михајло Вангелов и битолските фирми “Кнауфистика“, “Ајтен“ козметичко студио, Здружение на дијабетичари.
-Д-р Михајло Вангелов изјави:
-Вреди да се исполнат дел од сите нивни детски сништа, за нивните искрени насмевки! Се надевам дека со овие, од срце подарени, поклони ќе им пружиме радост и искрени, најубави насмевки кај децата од ОУРЦ “Кочо Рацин“, како е да испратиме едно големо благодарам за сите вработени во таа институција кои несебично со љубов даваат се за тие деца.