Денес, понеделник беше третиот ден од “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола за дочекот на Новата 2024 година, а официјалниот дел се одржа на платото пред Офицерски дом во Битола.Во ифицијална програма кај Офицерски дом настапија: “Discophats“, Симеон Тасев – “Emotion Band“, а за крај на денешната програма настапи и “City Band“.
Претходно на платото кај Офицерски во рамките на “Офф програмата“ свој настап имаше Dj Acika, “Isavioloncello“ на Широк Сокак, Dj Boca кај Офицерски дом, а битолчани слушаа и поп музика на Широк Сокак.Во Старата Чаршија настапија учениците на ОУ „Елпида Караманди“ со музички точки, на ОУ „Гоце Делчев“ со музичко драмски точки. Потоа настапија “Хераклеа Бенд“ и дуо “Латино“ со Музичка изведба.Утре вторник во рамките на официјалната програма ќе настапат: Виктор Апостоловски, Влатко и оркестар “Златко Миладиноски“ и за крај во 22,30 часот Ламбе Алабаковски со бендот “Ламбе и пријателите“.