Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за врсничко насилство, физички напад на “Довлеџик“, битолчанец нападнал жена со која порано бил во врска

На 25.12.2023 во 14.50 часот во СВР Битола, В.Т. (34) од Битола пријавила дека пред влез на основно училиште во Битола, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. СВР Битола работи на расчистување на настанот.

На 25.12.2023 во 20.00 часот во СВР Битола, Љ.Г. (51) од с.Српци, битолско, пријавил дека
истиот ден на ул. “Довлеџик“ бил физички нападнат од лице на возраст од 44 години  од Битола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 30 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 29.11.2023, пријавениот вознемирувал женско лице со кое претходно бил во врска, по што и физички ја нападнал пред продажниот објект каде работела.

More from ВестиMore posts in Вести »