Press "Enter" to skip to content

Матурска изложба на гимназијалците од Горната Гимназија од Битола (фотогалерија)

Деновиве беше отворена изложбата “Јин-јанг“ на учениците од IV година, јазично-уметничко подрачје Б, од гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола. Изложбата се отвори во   галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола.На отворањето на изложбата зборуваше менторот, професорот по ликовна уметност Александар Поповски, кој рече:-Ова е една традиција кога се работи за учениците од овој смер и се надевам дека ќе продолжи и кај новите генерации. Изложени се околу педесетина дела на ученици од јазично-уметничкиот смер, претежно во црно-бела боја, а сите заслужуваат да бидат видено и имаат своја убавина. Им честитам на сите кои се дел од оваа изложба.Изложбата ја отвори Драган Ристевски кој рече дека ги поддржува сите идеи на учениците во Горната Гимназија и дека  галерија “Ранко Струмениковски“ е сејкогаш отворена за нив.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »