Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две починати лица, едно во пожар, другото на работно место, приведено лице за издржување казна затвор

На 28.12.2023 околу 06.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Стрежево“ во населба Горно Оризари настанал пожар во гаража од куќа, сопственост на Б.Ц. (75) од Битола. Во пожарот, од здобиените повреди починал сопственикот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, додека неговата сопруга била пренесена во Општа болница Битола каде било констатирано труење со јаглерод-моноксид. Увид на место извршиле екипа на СВР Битола и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 28.12.2023 во 12.33 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив во безсознание бил донесен С.С. (44) од село Новаци, битолско, кој во 12.45 часот починал, а смрт констатирал лекар од болницата. Според пријавеното, тој бил најден во безсознание при извршување работни задачи за приватна фирма во РЕК Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 28.12.2023 во 22.15 часот на ул. „Шералти” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 36 годишно лице од село Граешница, битолско. Тој бил осуден на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Битола за доиздржување на една година и седум месеци од казната. Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

More from ВестиMore posts in Вести »