Press "Enter" to skip to content

Собраните средства од хуманитарниот базар СДСМ ги донира на деца со попреченост

Како и што рекоа на оджување на новогодишниот хуманитарен базар кој се одржа пред седиштето на СДСМ во Битола, а го организира Форумот на жени на партијата од Битола го донираа.

-Да се биде хуман е доблест и вистинска човечка вредност. Со собраните средства од големиот новогодишниот хуманитарен базар, ја реализиравме оваа донација, која е само мал симболичен гест, дека со малку труд и љубов можеме да сториме многу. Ги посетивме институциите каде што се згрижени деца со попреченост, да ги стоплиме нивните срца, да ги израдуваме, бидејки секое дете заслужува да ја доживее среќата за време на престојните празници, велат од СДСМ.

Донациите во институциите каде што се згрижени деца со попреченост, ги однесоа претседателот на СДСМ Битола – Драган Крајовски и претседателката на Форумот на жени Јадранка Павловска.

More from ВестиMore posts in Вести »