Press "Enter" to skip to content

Средношколците од Горната Гимназија со музичка програма на “Зимската приказна“ која никого не остави рамнодушен (мега фотогалерија)

Денес на пладне на платото кај Офицерски дом во Битола во рамките на “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола со своја музичка програма се претставија бендовите од гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола.Учесниците во музичката програма, нивниот ментор Владко Симоновски, градоначалникот Тони Коњановски и сите присутни ги поздрави и им се обрати директорката, Лидија Споа, која рече:-Крајот на годината е време кога е потребно да размислуваме за патувањето позади нас, да ја прегрнеме сегашноста и со нетрпение да ги очекуваме авантурите кои ни претстојат во новата 2024 година. Календарската 2023 година ја заокружуваме со бројни успеси на учениците и наставниците, кои неуморно се вложуваат, со цел да дадат максимум знаење и вештини кои се неопходни за животот. Па затоа и успехот е секогаш наш сопатник, а успехот о 2024 година сигурна сум дека ќе биде уште поголем.За денешната музичка програма, Споа, додаде:-Среќни сме и горди на нашите талентирани ученици кои постојано покажуваат и докажуваат дека доволно „пораснале“, па организираат свои изложби, пишуваат свои драми, песни, учествуваат и организираат голем број на настани, кратко речено гимназијалците ги има секаде, и со право, а денес ја имаме и оваа голема и успешна музичка програма кога ќе предизвика внимание кај сите нас, а никого нема да остави рамнодушен, а останатите ангажмани на гимназијалците додаде:-Нашите ученици знаат дека топлината и убавината на новогодишните празници е во магијата на споделувањето среќа, која се шири и пренесува само со убави зборови и дела. И да ве потсетам дека сме во зората на една нова година и ново животно поглавје кое со себе носи неизмерни можности. Искористете ги вашите таленти, можности и ресурси за да ги остварите вашите аспирации и соништ, а ние сме тука да ве поддржиме по патот на успехот.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »