Петочниот, пазарен ден, пред последдниот викенд во оваа 2022 година, воедно и 7. ден од “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола за дочекот на Новата 2024 година, донесе програма на повеќе локации низ Битола, а настапија повеќе изведувачи и групи.
За разлика од изминатите шест денови од “Зимската приказна“ денес имавме и дневна и вечерна програма во официјалниот дел.
Дневна програма започна со настапите на бендовите на Гимназијата “Ј.Б. Тито“ кај Офицерски дом, а продолжи со настапите на група “Ѓердан“, група “Милениум“ и група “Боеми“ во старата чаршија.
Во официјална програма на платото пред Офицерски дом вечерна програма започна со театарска претстава “Трите волшебни кучиња“ на НУ Народен театар, а продолжи со настапот на триото “Џентлемен“ и на групата “Фонтана“ и Елена Андоновска.
Во “Офф програмата“ настапија: Isavioloncello на Широк сокак, Dj Berryqyat кај Офицерски дом, “Куќарката на Дедо Мраз“ во Зоолошка градина, “22 Нентори“, “Box Beater“ кај Офицерски дом.
Утре, 30 декември, во вечерна програма кај Офицерски дом битолчани ќе гледаат: Jingle bell symphony – Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерен Оркестар на Битола IWConnect, група “Калабалак“ и група “Деспина“.

“Боеми“ в Чаршија, “Фонтана“ и Елена кај Офицерски на 7. ден на “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Јени Маале од Битола 17. година по ред слави успех и пријателство (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: “Шарената револузија“ го исфарба кино “Манаки“, реагираа Власите
- СВР Битола: битолчанка како пешак била повредена од автомобил, потоа возачот физички ја нападнал
- Во Битола променливо облачно температурата до 20 степени
- По вулгарната прослава на титулата на Вардар, се огласија сите само не Вардар
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовирана книгата „Четворката на светлината – современи митови за храброст, добрина и чудесни патешествија“ од Игор Трајковски – Фоја (фотогалерија)
- Изложба на Васко Ташковски во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола која тој ја посвети на Ранко Струмениковски (фотогалерија)
- “Женски земјотрес“ создаде простор за музика што не прави компромиси
- “Ела поблиску“ изложба на минијатури на Тони Соколов – Солза од Австралија, роден во Битола(фотогалерија)
- Во Битола затворен “Танц Фест 2026“ со изведба на “Будење“ на кореографката Рисима Рисимкин и 30 танчери на сцена (видео+фотогалерија)










