На 30.12.2023 во 01.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола на патот Битола-Драгош пред село Бистрица лишени се од слобода три лица на возрст од 34, 27 и 25 години, тројцата од Битола. При преглед на едното лице пронајдена и одземена е кеса со марихуана. Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 29.12.2023 во село Меџитлија, битолско, од страна на полициски службеници од СВР Битола пронајден е 16 годишен малолетник, кој беше пријавен дека се оддалечил од домот во Кичево на 29.12.2023 во 18:40 часот. Малолетникот е предаден на неговиот родител.