Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајден малолетник пријавен дека се оддалечил од домот, приведени три лица за марихуана

На 30.12.2023 во 01.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола на патот  Битола-Драгош пред село Бистрица лишени се од слобода три лица на возрст од 34, 27 и 25 години, тројцата од Битола. При преглед на едното лице пронајдена и  одземена е кеса со марихуана. Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
 
На 29.12.2023 во село Меџитлија, битолско, од страна на полициски службеници  од  СВР Битола пронајден е 16 годишен малолетник, кој беше пријавен дека се оддалечил од домот во Кичево на 29.12.2023 во 18:40 часот. Малолетникот е предаден на неговиот родител.
 
More from ВестиMore posts in Вести »