Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со апел до возачите “Алкохол и волан – најлоша комбинација“

Санкционирани 17 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола.

За само две вечери (29/30/31.12.2023)во периодот од 22.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола, со акцент на  Битола и Прилеп спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 17 возачи, а откриени биле и 14 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се воздржат од конзумирање алкохол при управување со моторното возило, бидејќи само така ќе овозможиме безбеден сообраќај и спречување на сообраќајни незгоди.

More from ВестиMore posts in Вести »